„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Од:

Нискобуџетниот филм „Бруталист“, драма за поединец кој го преживеа холокаустот, е големиот победник со три награди на овогодинешното 82-то доделување на Златните глобуси.

„Бруталист“ е прогласен за најдобар филм во категоријата драма, Адриен Броди ја доби наградата за најдобар актер за улогата во тој филм, а Бренди Корбет за најдобар режисер, пренесува Гардијан.

Броди, кој претходно го изгуби Златниот глобус за „Пијанист“ пред да го добие Оскарот, го нарече филмот „приказна за човечката креативност“.

Тој рече дека мисли дека ваква можност никогаш повеќе нема да му се укаже, а потоа додаде дека се надева дека филмот ќе ги инспирира имигрантите. Крими-мјузиклот на Нетфликс „Емилија Перез“, филмот со најмногу номинации, донесе четири награди: најдобар филмски мјузикл или комедија, најдобра споредна женска улога за Зои Салдана, најдобра оригинална песна и најдобар филм на јазик различен од англискиот.

Во категоријата најдобра актерка во драма, бразилската ѕвезда Фернанда Торес ги победи Никол Кидман, Анџелина Џоли и Кејт Винслет, за улогата во драмата „Јас сум уште тука“. Деми Мур ја доби наградата за најдобра женска улога во мјузикл или комедија за филмот „The Substance“, а во машка конкуренција триумфираше Колин Фарел за улогата во спин-оф серијата за Бетмен, „The Penguin“.

По освојувањето на наградата Еми, актерката Џоди Фостер годинава го освои својот петти Златен глобус во категоријата најдобра актерка за улогата во серијата „Вистински детектив: Ноќна земја“.

Златните глобуси, американска филмска награда што ја доделува Холивудската асоцијација за странски печат (HFPA) од 1944 година, често е показател за тоа кои филмови ќе бидат наградени со престижната награда Оскар.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ