Тим американски археолози предводен од Каролина Снивеј, професор на универзитетот Гетисбург во Пенсилванија, која раководи меѓународен проект во кратовското село Коњух, денеска го посетија Музејот во Неготино.
Директорот на музејот Ристе Марков изјави дека гостите се интересирале за археолошката поставка, биле задоволни од богатството од археолошки локалитети во општина Неготино, а се одушевиле и од етнолошката поставка која е понова и од помодерен тип.