Аматерскиот театар од Демир Капија вечер гостува во Гевгелија

Од:

Пред гевгелиската публика на сцената во Народниот театар, вечер ќе се претстави аматерската театарска група од Демир Капија со изведба на комедијата „Ноќите во бел сатен“.

Претставата е работена по текст на нашиот писател Братислав Димитров и се занимава со осаменоста, како еден од современите проблеми на денешницата.

Актерите најавија дека публиката може да очекува интересна претстава која ќе ги насмее, но и ќе ги допре во срцето, душата и во нивните проблеми.

-Станавме робови на техниката, забораваме на нашите чувства и имаме недостиг од љубов, порачуваат актерите од Демир Капија и велат дека главна тема во претставата е традиционализмот или пак мачовизмот на Балканот, како прв текст во регионот што ја драматизира оваа тема.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“