Алерт арт изложба во Феникс

Од:

На 3. март, со почеток во 19 часот, во Културниот центар Феникс – Скопје, ќе се одржи Алерт арт изложба на авторките Евица Камберова – Стојаноска и Маргарита Иванова.

Станува збор за нови креации и уметност на старите работи, односно за креирање преку рециклирање.

Поконкретно, Алерт арт е уметност преку која од стари, неупотребувани, обични работи – се создава нешто ново.

alert-izlozba-f

Фокусот на уметничкото изразување е преку изработка на декоративни предмети со различни техники – декупаж, сликање, боење, филигран од хартија, лепење, украсување.

Авторките велат дека се радуваат кога ќе најдат нешто старо, фрлено, неупотребувано, заборавено и кога ќе му дадат нов живот.

alert-izlozba-f1

Во секој случај, тоа се предмети кои се привлечни и полезни – за себе, или пак за некој посебен во вашиот живот, зашто претставуваат оригинални и уникатни подароци.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски