Александра Крстевска и Васе Ѓорѓевски младенци на Галичка свадба

Од:

Александра Крстевска и Васе Ѓорѓевски се годинашните младенци на Галичка свадба. Младенците во традиционална носија синоќа беа претставени пред присутните во Музејот на Македонската борба за државност и самостојност, на промоцијата на монографијата Галичник засекогаш на Киро Кипроски.

Мавровецот, Ѓорѓевски и скопјанката Крстевска, која потекнува од реканското село Гари, пред присутните рекоа дека се возбудени што изборот паднал на нив и оти достојно ќе ги престават вековните свадбарски обичаји на галичани за Петровден. Тие, нивната деветгодишна врска ќе ја крунисаат во црквата „Св. Петар и Павле“ на 14. јули.

Организацискиот одбор, месната заедница Галичник, објави дека годинашното јубилејно 40-то издание на културолошко-туристичка манифестација Галичка Свадба ќе се одржи на 13 и 14 јули.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска на „Галичка свадба“

Презентација на програма за културната манифестација „Галичка свадба“

Галичка свадба 2022: Спој на традицијата, културното наследство и вистинските партнерства

Галичка свадба викендов, Катерина и Филип – годинашни младенци

Разумот посилен од традицијата, Галичката свадба повторно одложена

Искра Манојлоска

Одложена годинешната „Галичка свадба“, можно е да се одржи на Голема Богородица

Жарко Настоски