Академскиот киноклуб од Скопје одбележува 60 години постоење

Од:

Академскиот кино клуб од Скопје со филмски вечери денеска и утре во Кинотека ќе одбележи 60 години од основањето.

Од 20 часот вечер АКК ќе го прикаже нивниот прв снимен филм, насловен „Прв давам камче“, како и проекција на повеќе кратки филмови направени од негови членови во шестдецениското постоење.

По повод јубилејот, утревечер од 20 часот во Кинотека ќе гостуваат филмските пријатели на АКК од ГФР филм-видео клубот од Пожега, Хрватска.

Тие ќе претстават ревија од нивниот Хрватски фестивал на едноминутни филмови, кој во Пожега се одржува од 1993 година и учествуваат филмски автори од 50-ина земји од светот.

Влезот за посетители е слободен за двете вечери со кои Академскиот кино клуб – Скопје ќе го одбележи јубилејот.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ