Академскиот авангарден уметник Зоран Арсовски – Бабата ќе учествува на меѓународен фестивал во Котор

Од:

Академскиот авангарден уметник Зоран Арсовски – Бабата со своја самостојна изложба ќе учествува на меѓународниот уметнички Фестивал на светлината „Палатите блестат”, кој ќе се одржи на 23 и 24 јуни 2023 година во најубавиот средновековен град на медитеранот Котор во Црна Гора.

Овој фестивал се одржува по шести пат низ повеќе локаци во стариот дел на градот Котор. Организатори се Градската Галерија Котор и Центар за култура „Никола Ѓурковиќ” Котор.

Тие најавуваат фестивалот да трае два дена каде секоја вечер преку видео проекции ќе ги презентираат уметничките дела на секој уметник посебно во вид на самостојна изложба и обраќање на уметниците проследено со добра музика и пријатен амбиент, кадешто посетителите во една поинаква атмосфера ќе уживаат во уметничките дела.

Арсовски на публиката ќе се претстави со дела кои се од неговиот најнов опус и се изработени во комбинирана техника со која тој е препознатлив на пошироката јавност со оригинален свој стил за кој веќе години наназад пишува и стручната уметничка фела на историчари и критичари на уметноста, за кое сведочат бројни рецензии за творештвото на Арсовски.

Тој е познат по бројни концептуални самостојни како и групни изложби и проекти со кои има учествувано на Национално и многу повеќе на Меѓународно ниво во повеќе држави низ светот. За својата работа има добиено повеќе награди, признанија и дипломи.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“