Агенцијата за филм исплаќала пари за незавршени филмови и со нецелосни банкарски гаранции

Од:

Државниот ревизор констатирал низа неправилности при работата на Агенцијата за филм за 2017 година. Во Извештајот за сметката на основниот буџет пишува дека биле ангажирани 5 надворешни соработници без да биде склучен договор со што би биле уредени обврските и правата на двете договорни страни. Истата година не е поднесено ниту едно барање до Министерството за кулутра за добивање согласност за вработување.

Во ревизијата е нотирано и дека во согласност со Законот за филмска дејност, филмскиот продуцент пред склучување на договорот во соодветен рок треба да достави банкарска гаранција во висина од 25% од износот на средства кои ги исплаќа Агенцијата. Спред наодите, на продуцентите им било овозможено динамиката на исплата на средства за филмот да соодветствува со банкарската гаранција, односно, банакарската гаранција да ја доставуваат на рати според фазите на исплата на средства од Агенцијата.

Ревизорите констатирале дека иако е утврдена точна диманика за реализација на филмовите, сепак, кај два долгометражни и еден документарен филм продуцентите не се придржувале кон утврдената динамика. Филмовите кои требало да бидат заврешни до до крајот на 2017 година, а според доставената документација, сè уште биле во фаза на постпродукција.

„Кај два долгометражни филмски проекти изврешна е исплата на 90% од одобрениот износ на реализација на проектите, при што на ревизијата не ѝ беше презентиран доказ дека продуцентот ја има доставено финалната верзија на филмот за одобрување на најавната и одјавната шпица со јасно истакнато име и лого на Агенцијата…“, пишува во наодите на извештајот.

Во ревизијата пишува дека кај два долгометражни филмови исплатени се 100% од одобрениот износ иако во моментот на исплатата кај едниот филм не е изготвен извештај за наменски доделените средства и не е предадена финална копија од филмот во Кинотеката на Македонија. „Финалната копија е предадена два месеца по изврешената исплата, а конечен извештај до денот на ревизијата не е изготвен“, е нотирано во ревизорскиот извештај.

Кај друг долгометражен филм со македонски малцински удел на ревизијата не ѝ биле приложени склучени договори со сите учесници што имаат удел во филмот, туку само еден договор помеѓу копродуценти од три земји.

Продуцентот на еден долгометражен игран филм не доставил наративен и конечен финансиски извештај за наменско трошење на средствата со спецификација на трошоци.

Одговорноста за ревизорскиот извештај е на поранешната директорка Мими Ѓорѓоска-Илиевска и на директорот Горјан Тозија.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање