Агенцијата за филм ги објави имињата на проектите кои ќе ги поддржи

Од:

Агенцијата за филм денеска ги соопшти резултатите од првиот рок од мартовскиот конкурс за поддршка на филмските проекти за 2021 година. Според резултатите, финансиска поддршка ќе добијат шест краткометражни играни филмови, три краткометражни документарни филмови и два краткометражни анимирани проекти.

Исто така, Управниот одбор на Агенцијата за филм одлучи да финансира два проектa во категоријата долгометражен документарен филм.

Во категорија долгометражен документарен филм со македонски малцински удел ќе се финансираат два проекти.

Како што изјави денеска директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, финансиска поддршка ќе добијат два доглометражни играни филмови со македонски мнозински удел, а во категорија со доплгометражен игран филм со македонски малцински удел, Управниот одбор донесе одлука да се финансираат четири филмски проекти.

Вкупна сума за финансирање на проектите е 71.400 000 денари.

Лазаревски ги поздрави филмските работници, изразувајќи задоволство што по првпат нашиот мнозински македонски краток филм имал премиера на Канскиот филмски фестивал.

-Задоволството да се биде дел од тој фестивал е огромно, и ми беше чест и задоволство што работев и бев присутен со делот од тимот на самиот фестивал. Државата во моментов е присутна на сите меѓународни најзначајни европски фестивали и ќе издвојам една реплика употребена од нашите соседи и од европската кинематографија, која вели дека во моментов македонската продукција е рамо до рамо со европската кинематографија и можеме да се носиме со сите предизвици во моментов и во наредниот период, рече Лазаревски.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

Лазаревски: Нема конфликт на интереси во Агенцијата за филм

Tри филмови во трка за најдобар европски филм за млада публика

Агенцијата за филм ќе ги поддржи долгометражните играни филмови на Игор Алексов и Сабедин Али

А1он

Агенцијата за филм ќе ги поддржи дебитантските долгометражни остварувања на Унковски и Ѓоковиќ

Жарко Настоски

Агенција за филм: Транспарентност во буџетот на македонскиот филм, второ издание на „Факти и бројки“