Агенција за филм: Транспарентност во буџетот на македонскиот филм, второ издание на „Факти и бројки“

Од:

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија денеска соопшти дека во насока на транспарентност на средствата реализирани од годишниот буџет, почнувајќи од 2019 година, издава публикација наречена „Факти и бројки“.

Во публикацијата „Факти и бројки 2020“ детално се впишани средствата со кои се финансирале филмски и други проекти од национален интерес, финансирани по конкурси објавени од страна на Агенцијата за филм, реализирани средства за активности за развој на филмската дејност и меѓународната промоција на македонското творештво.

-Вкупниот скратен буџет на Агенцијата за филм за 2020 изнесува 161.869.732,00 денари од кои 10 отсто отпаѓаат на плати, надоместоци, даноци и за останати оперативни расходи за одржување на институцијата, а 90 отсто се наменети за македонскиот филм. За проектите за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм (национални филмови и мнозински ко-продукции, малцински ко-продукции) потрошени се 112.578.215 денари, се вели во соопштението.

За други проекти од национален интерес: членарини во меѓународни организации, меѓународна промоција на македонското творештво и унапредување на филмската дејност потрошени се 27.120.504 денари. За правни лица кои се здобиле со право на поврат на средства потрошени се 6.280.140 денари.

-Агенцијата за филм и понатаму ќе остане транспарентна пред јавноста, „Факти и бројки“ ќе остане практика и во иднина, изјави директорот на Агенција за филм, Бојан Лазаревски.

Публикацијата е објавена на веб-страницата на Агенцијата за филм и може да се најде на следниот линк: http://filmfund.gov.mk/wp-content/uploads/2021/02/WEB_Agencija-za-film_FAKTI-I-BROJKI_2020.pdf.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

Лазаревски: Нема конфликт на интереси во Агенцијата за филм

Tри филмови во трка за најдобар европски филм за млада публика

Агенцијата за филм ќе ги поддржи долгометражните играни филмови на Игор Алексов и Сабедин Али

А1он

Агенцијата за филм ги објави имињата на проектите кои ќе ги поддржи

Жарко Настоски

Агенцијата за филм ќе ги поддржи дебитантските долгометражни остварувања на Унковски и Ѓоковиќ

Жарко Настоски