Агенција за филм: Сметало некому или не, работиме транспарентно, правно и праведно и така и ќе продолжиме

Од:

„Агенцијата за филм доби поддршка од целата своја фела за своето работење, а особено за спроведувањето на КОВИД-19 мерките кои се слични со други европски агенции за филм, што е директен фидбек дека се работи за вистински решенија во вистинско време. Агенцијата за филм постои за македонскиот филм и за луѓето што работат во оваа област. Што се однесува до правното и финансиското работење на Агенцијата, во целост се запазуваат постапките пропишани со закон, вклучувајќи ги и постапките за склучување на договори и исплата на парични средства врз основа на таквите договори.

Иако Агенцијата за филм на Република Северна Македонија е прозвана од Трансперенси Интернешнел, базирајќи се врз неколку медиума кои водат негативна кампања дека финансирала повеќе од 30 филмски проекти спротивно на Законот за филмска дејност, без да биде обезбедена банкарска гаранција од корисниците на средства, при што наводно е оштетен буџетот на Република Северна Македонија, би сакале јавноста да биде точно информирана дека ваквото тврдење не само што е целосно невистинито, туку е објавено и спротивно на закон“, соопштува Агенцијата за филм.

„Никогаш не сум интервенирал во договорите кои се склучени со Агенцијата за филм, не сум вршел промена на текстот на договорите и никогаш не сум вршел исплати на средства надвор од договорите, а договорите секогаш биле склучувани во потребната форма. Воедно, никогаш не сум одобрил исплаќање на средства без банкарски гаранции, како што се наведува во соопштението.”, изјави Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм.

„Транспаренси Интернешнел нема право по закон да постапува по некаков „допрен глас“ при тоа, изнесувајќи во јавноста непотврдени и непроверени тврдења, без да ја контактира Агенцијата за филм и г-дин Горјан Тозија, како ВД директор, и да се става во улога на орган на прогон. Но, затоа надлежните органи би требало да проверат дали Транспаренси Интернешнел криејќи се позади наводната грижа за општо добро во суштина ги протежира и штити интересите на определени поединци кои имаат и те каков интерес да се наштети на г-дин Горјан Тозија и на дел од филмските работници?

Оттука, a и со оглед дека во соопштението се изнесени невистинити информации со кои се нарушува честа и угледот на директорот на Агенцијата, ќе се бара извинување од страна на Транспаренси Интернешнел Македонија за изнесените информации“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Агенција за филм: Филмска продукција ќе има, продолжува континуираната поддршка на македонскиот филм

Предраг Петровиќ

Лазаревски реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал: Нема прогон на автор, туку расчистување на финансиски злоупотреби

„Банана филм“ на Манчевски поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм