Афоризми на Ленче Стоименова од Кочани се застапени во книгата „Жена и афоризам“ во која се објавени афоризми на уште 19 авторки од Србија. Книгата е пишувана на српски јазик, во тек е преводот на македонски и на англиски јазик.
Секоја од авторките е застапена со 20 афоризми на различни теми, така што книгата содржи 400 афоризми.
– Книгата е интересна за читање, им ја препорачувам на сите. Единствена е од овој вид во светот создадена од афористичари жени, изјави Стоименова.
Таа е авторка и на цртежите во изданието, а карикатурите и биографиите за секоја од 20-те афористичарки се изработени од Драгана Пашиќ.
Стоименова се надева дека заедно со останатите авторки од Србија книгата ќе ја промовират и во Кочани.