77 години Македонски народен театар

Од:

Седумдесет и седум години Македонски народен театар, години неизмерна љубов кон сцената, години во кои македонскиот збор тече од сцената жедно впиван од публиката, 77 години актерска игра…

Запишано е — „На 3 април 1945 се случи празникот на македонскиот театар: премиера на ’Платон Кречет‘. Во свечената тишина прозвучи првата реченица на артистката Вера Вучкова: ’Колку е блиску сонцето‘“. Подигнатата завеса го отвори МНТ, кој започна без вистински традиции за сопствен театар и без доволен професионален актерски, технички и режисерски кадар, но со огромна желба и страст. И со публиката која е „гладна“ за тој сценски збор и која како што е запишано „… го полнеше театарот до последно место. Колку што долги беа редовите пред продавниците за хлеб толку беа долги и пред шалтерот на театарската билетопродавачница“. Со целата своја енергија и творечка сила оваа прва група актери, режисерот, сценографот и преведувачот го започнаа патот на уметничко-сценското создавање на оваа сложена уметност – театар.

Движејќи се од класичната драма до најсовремените драмски достигнувања, низ делата на домашните и странските автори, Македонскиот народен театар бил, е и ќе биде гласник на културата, водилка кон изведување на ремек-дела, интимна и длабока врска меѓу актерите и публиката, предизвик за режисерите, совршен подиум за претстави на големата и на малата сцена. Во една прилика Бранко Гавела, хрватскиот режисер, театролог и педагог ќе запише: „Кога реков претставите дека се симпатични мислам дека најдобро ја означив нивната непосредна човечка топлина, ненаместеноста, отсутноста на секое егзибиционистичко значење и скромноста, што не потекнува од чувството за помала вредност, туку од длабоката верба за големината и тешкотиите на поставените задачи“.

Со сценска вистинитост и природна појава, од првата реплика до денес, се прикажува сликата и идејата за уметничко дело, тенденцијата за колективна игра и духот на создавање на целосен театар. И денес во 2022 година кога се одбележуваат 77 години, истите стремежи се дел на сите од МНТ: креативност, потреба, желба, магија, величественост, идентитет, распослана душа, отворено срце, неуморност, сценско патување!

Би можело да ве интересира

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Народен театар, Битола

Катерина Ѓуровски

Никола Кимовски назначен за в.д директор на Македонскиот народен театар

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски