48-то издание на МТФ„Војдан Чернодрински“ – Прилеп ќе стартува в петок

Од:

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ по 48 пат ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп.Фестивалот ќе биде отворен со изложба на Никола Смилков и ретроспективната изложба на колонијата „Де Ниро“од Битола.

На големата сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде врачена годинешната наградата за животно дело на лауреатот Љубиша Георгиевски.Во негова чест ќе биде одржана трибина на која модератор ќе биде Јелена Лужина.

В петок фестивалот ќе биде отворен со претставата „Архелаос“ на режисерот Владо Цветановски во изведба на Драмскиот театар од Скопје. В сабота на полноќ ќе биде изведена претставата „Балканот не е мртов или Магија Еделвајс“ од студентите по актерска игра од 3 година на Драмскиот театар.

На 9 јуни, в недела, Театарот за деца и младинци ќе ја одигра претставата „Пипи долгиот чорап“,а на полноќ студентите по актерска игра од 4 година во класата на професорот Владимир Милчин ќе ја одиграат претставата „Во потрага по Данил Хармс“.

За понеделник планирани се претставите „Гнида“ во изведба на Народниот театар од Тетово,а вечерта културниот центар „Скрб и утеха“ ќе ја изведе претставата „Посланија“ во режија на Тихомир Стојановски. Во вторник, на 12 јуни напладне, ќе биде промовирана монографијата на Кирил Ристоски, а в среда Турскиот театар од Скопје ќе ја одигра претставата „Шекспир во приказни“. В четврток ќе се одиграат повеќе претстави и ќе биде одржана пладневна промоција на театарска литература.

Фестивалот завршува на 14 јуни, кога ќе бидат објавени добитниците на награди во 14 категории,а вечерта во нивна чест ќе биде одиграна претставата „Ах љубов моја“ на Коле Ангеловски од Театарот комедија од Скопје.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Награди за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот е вечна промена

Културен перформанс „Простор за разговор“ во Битола

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ