Во манастирот Св. „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка од денеска до 16 септември ќе се одржи 30. јубилејно издание на меѓународната ликовна колонија која го носи името на манастирот.
На колонијата годинава ќе има 18 учесници од кои десет се од САД, Англија, Хрватска, Турција, Бугарија и Србија.
– Нашите гости ќе имаат можност да го посетат градскиот музеј во Крива Паланка, пештерата на Св.Јоаким во с.Градец, мегалитската опсерваторија – Кокино. Ќе ги посетиме и црквите, музиети и галериите низ Скопје. Сликарите работат по слободен тематски пристап,а секој од нив е обврзан да остави две дела во манастирската збирка на колонијата, изјави Јордан Михајловски, заменик кординатор на колонијата.
Колонијата ќе заврши на шеснаесети септември во Стариот конак на манастирот Св. „Јоаким Осоговски“ со изложба на создадените ликовни творби на сите уметници. За подоцна се планирани изложби во манастирот, Градскиот музеј, и 30 години пресек во Скопје, Штип, Куманово, Кочани, Перник, Ќустендил…
Колонијата е дел од Националната програма за култура на Министерството за култура за годинава и работи под патронат на манастирот Св.Јоаким Осоговски.