„3 во 1“ изложба на Кристина Битракова

Од:

Во среда, во 20 часот ќе биде претставена изложбата „3 во 1“ во Кафе Галеријата Осум, од Кристина Битракова, кои мотивот го црпат во архитектонските форми.

Архитектурата ги создава нужните рамки на животот, а во средбата на доживувањето на формите ги откриваме сите условености, мотивите и начините на нивното настанување. Во старите форми наоѓаме живост и желба, сила и творечка потреба, истакнува авторот Кристина Битракова.

kristina-umetnicka1

-Оној молчелив изглед на градбите во урбаната средина, онаа спонтана модификација, во мене разбуди желба да ја претставам графички, да ги соасам тие шармирачки наведнувања на старите куќи и изливите на сонцето врз градот, или да ги запаметам и да ги имам долго пред себе тие спомени на она што сеуште не станало урнатина на дното на овој модерен кварт.

– Овие дека се и спомен на моите душевни расположби, сон на некое конкретно мое јаве и вистина, потрага по посебното меѓу просечното, потрага по индивисуалното на градителот на неговото душевно присуство во слоевите малтер, потрага по вкусот на времето или поточно негово истражување со уметнички методи и правила.

– Прикажав сцени за разгледување без некоја тешка анализа. Асоцијативноста на некои понејасни графеми, ја прошируваат содржината на сликата, упатувајќи го восприемачот во непозната сфера која во разбирањето на показната асоцијација, ја открива и препознава така што тој веќе не е туѓинец во неотриеното за да не може да го разбере восприменото.

kristina-umetnicka2

– Густо наредените елементи се оддалечуваат од геометризмот и тежнеат кон реалноста, небаре куќата се расклопила на делови за повторно составување, рече Кристина Битракова.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска