11-то издание на АКТО Фестивалот за современи уметности завршува во Тетово

Од:

Во Центарот за Балканска Соработка ЛОЈА во Тетово, во 11 часот во петок, 2 декември ќе се одржи прес-конференција за најава на тетовското издание на АКТО Фестивалот за современи уметности. Фестивалот е организиран од Здружението за култура и уметност ФРУ – Факултет за работи што не се учат и е поддржан од УСАИД.  Пред медиумите ќе се обратат организаторите на фестивалот, како и домаќините и соработници – ЦБС ЛОЈА.

Единаесеттото издание на АКТО Фестивалот за современи уметности, организиран од Здружението за култура и уметност ФРУ – Факултет за работи што не се учат, продолжува во Тетово на 2 и 3 декември, со што завршува овогодинешното издание. Фестивалот кој влезе во својата втора деценија како POP UP АКТО започна во Битола во август, продолжи во Скопје во септември, а третата фаза се одржа во Штип во октомври. POP UP АКТО е поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД.

Последната етапа од фестивалот ќе се одвива во соработка со тетовскиот Центар за балканска соработка ЛОЈА. Програмата на POP UP АКТО во Тетово ќе се надоврзе на темите отворени во Битола, Скопје и Штип, во однос на политичката моќ на колективите и важноста на заедничкото делување.

Фестивалската програма во Тетово вклучува јавни дискусии, изложба, театарска претстава, музичка програма, како и саем на книги. Програмата за Тетово вклучува две јавни дискусии од фестивалската серија „УМЕТНОСТ ЗА ПРОМЕНИ:  Одговорноста на уметникот во време на политичка и општествена криза“ во кои, освен домашни говорници ќе учествуваат и гости од Приштина и Србија. Првата фестивалска вечер ќе се одигра и претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ на режисерката Билјана Радиноска, во продукција на АРТОПИЈА – Скопје. Во Тетово, како и во претходните три града ќе биде поставена изложбата „Колективна одлука – идентитет(и)“.

Во рамки на фестивалот ќе се организира и музичка програма со гостинката  Blerta Kosova од Приштина, а во текот на вториот фестивалски ден во Центарот ЛОЈА ќе се одвива и саем на книги.

Куратори на POP UP АКТО се Филип Јовановски и Ивана Васева, додека ко-кураторка е Биљана Тануровска – Ќулавковски.

Организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат е формирана 2000 година како уметнички проект. Една од главните активности на ФРУ е АКТО фестивалот за современа уметност. Детални информации за POP UP АКТО фестивалот се достапни на http://akto-fru.com/.

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ:

Американскиот народ, преку УСАИД, има инвестирано над 580 милиони долари во Македонија од 1993 година. УСАИД работи со луѓето од Македонија на создавање работни места, зајакнување на институциите, подобрување на интегрираното образование и подготвување на учениците за работа. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на живот и ја поддржуваат македонската транзиција кон една стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји.  За повеќе информации посетете ја  веб страницата http://www.usaid.gov/where-we-work/europe-and-eurasia/macedonia  или нашата Facebook страна: http://www.facebook.com/USAIDMacedonia.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска