Во организација на Центарот за современи уметности вечерва, со почеток во 19 часот во Паркот на Франкофонијата ќе се одржат изложба и дебата „10 минути протест“.
Во мобилната галерија ќе бидат презентирани протестни пароли, а целиот настан е проект на Тихомир Топузовски.
Учесници во дебатата ќе бидат Искра Гешоска, Роберт Алаѓозовски, Жарко Трајаноски, Никола Гелевски и Гордан Георгиев. Модератор ќе биде авторот на проектот, чија идеја е со изложбата на протестни пароли и дебатата да се дискутира за можностите за зголемување на демократскиот простор и граѓански права преку уметнички проекти и иницијативи. Проектот се фокусира на прашањето како преку користење форми на протест и дејствување во јавни простори да се дојде до политичка позиција која во извесен дел подразбира спротиставување на постоечките системи и вредности.
Имплементацијата на проектите во Мобилна/Монтажна Галерија на Центарот за современи уметности се поддржани од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено општество – Македонија.