„Улици“ скинале кабел, пола Кисела Вода без струја

Од:

Населбите 11 Октомври, Кисела Вода, Рампа , Припор и Сопиште половина час се без струја. Од ЕВН велат дека се работи за два последователни дефекта и се работи на нивно отстранување.

„Во Припор и Сопиште имало испад на далновод, веќе е поправен дефектот, а во Кисела Вода, Рампа, 11 Октомври има скинат проводник. Наши екипи се веќе на терен, се прави замена и наскоро корисниците ќе добијат струја“, вели Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН за „А1он“.

Неофицијално кабелот го скинале екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“ кои изведувале градежни работи во Кисела Вода.

Маја Илиевска Пачемска

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода