Сноубордот идеален зимски спорт

Од:

Може слободно да се каже дека во сноубордот доминираат мажите, но за овој вид на реакреација се одлучуваат и се повеќе жени.

Овој спорт е интензивен и бара добра физичка кондиција, а спаѓа меѓу најпопуларните зимски активности на отворено. Вклучува елементи на сурфање, скијање и возење скирол, а е идеална активност за поминување време на свежниот зимски воздух бидејќни носи и многу здравствени предности.

Подобро расположение

Занимавањето со сноуборд помага во ослободување на ендорфинот, хемикалија поради која се чувствуваме добро и која ги блокира рецепторите за болка. Редовното практикување на овој спорт помага во одржување на високо ниво на ендорфин, кој се бори против депресијата и несоницата и кој не отпушта и ни дава мир и добро расположение.

Ментално здравје

Многу физички активности, како и сноубордот, ни помагаат во јакнењето на коцентрацијата, зголемувањето на интелегенцијата и одржувањето на моќта на расудувањето во поодминати години.

Против стресот

Стресот е нормална појава кај повеќето луѓе во денешно време, но кај луѓето кои не знаат правилно да се носат со него може да предизвика многу негативни последици, како што се потешкотии со помнењето, дебелеење, болки во градите и други здравствени проблеми. Овој спорт помага во борбата против стресот и анксиозноста.

Добра аеробна вежба

Овој зимски спорт е одлична аеробна вежба, која нуди интензивен кардио тренинг и помага во согорување на калориите. Просечната личност, согорува 450 калории за еден час, поради што сноубордингот е идеален за слабеење и јакнење на издржливоста.

Рамнотежа на телото и флексибилност

Сноубордот е спорт, кој бара одржување на целото тело со кое се јакнат сите групи на мускули. Ја зајакнува фелскибилноста и чувството за рамнотежа, пишува „Ши“.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска