Иновација која може да спаси детски животи

Од:

Средношколката Алиса Чавез направи „жешко седиште“, со кое можат да се спасат детските животи.

По неколкуте смртни случаи на деца кои биле оставени во автомобилите на високи температури, Чавез направи „жешко седиште“, изум кој ќе им овозможи на родителите да ги надгледуваат децата во возилото.

Системот на „жешкото седиште“ ги предупредува родителите да го извадат дететото од возилото. Функционира така што се поставува перниче на или под детското седиште, а приврзокот со аларм се закачува на клучевите од автомобилот или се поврзува со мобилна апликација. Звукот на алармот ги известува родителите ако температурата во автомобилот стане превисока.

Иновацијата на Чавез е во почетна фаза и таа покрена кампања со која се надева дека ќе собере пари за производство на такво седиште.

Педијатрите предупредуваат дека децата никогаш не треба сами да се остават во автомобил, дури ниту кога спијат. Ризикот од повреди, задушување, топлотен удар, паника поради стравот дека се оставени, секогаш постои и може да биде фатален за детето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска