Депресија и контрола на дијабетес

Од:

Истражување спроведено во САД покажува дека лицата со депресија и дијабетес полесно ја контролираат концентрацијата на шеќер во крвта ако земаат антидепресиви.

Лицата со дијабетес имаат поголем ризик за стрес и депресија, а овие потешкотии со менталното здравје поврзани се со дополнително зголемување на ризикот за опасно висока концетрација на шеќер во крвта.

Според новите наоди на научниците од Сент Луис Универзитетот, земањето антидепресиви кај овие пациенти е поврзано со 95 отсто поголеми шанси за успешна контрола на концентација на шеќерот во крвта.

Истражувачите веруваат дека ваквите резултати можат да ги објаснат последиците на ублажување на симптомите на депресија по земањето лекови, односно последователно зголемување на изгледите за здрава исхрана, редовна физичка активност и следење на концентрацијата на шеќер во крвта.

Резултатите објавени во стручното списание „Family Practice“ се темели на петгодишното следење околу 1.400 испитаници на просечна возраст од 62 години.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска