А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ранг-листите со запишани ученици во средно ќе бидат објавени денеска по 15 часот

by А1он19/06/2020 - 08:4319/06/2020 - 09:31550
Share0

Ранг-листите со запишани ученици од првото пријавување во јунскиот рок за средно образование за учебната 2020/2021 година училиштата ќе ги објават денеска по 15 часот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пријавувањето беше спроведено на 16, 17 и 18 јуни во периодот од 7 до 19 часот, а во некои училишта пријавување има и денеска од 7 до 13 часот. Училиштата во кои бројот на пријавени ученици во последните години е помал од бројот предвиден во конкурсот, организираа пријавување само во вторникот и средата (16 и 17 јуни).

За прием на ученици во прва година средно образование треба да бидат исполнети условите наведени во Конкурсот на Министерството за образивание и наука за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за настава во гимназиско, стручно, уметничко и за средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Уписот беше организиран и спроведен согласно со насоките од Протоколот усвоен од Владата по препорака од Комисијата за заштита од заразни болести. Според протоколот, документите се поднесуваа по азбучен ред на презимето, според распоредите кои училиштата ги објавија во петокот и по интерено одреден временски период.

Следете a1on на Youtube YouTube

Јавните средни училишта во кои се пријавени поголем број ученици со ист број поени од предвидениот во Конкурсот ќе организираат квалификациско тестирање на 22 јуни со почеток во 10 часот.

Учениците кои се пријавиле за гимназиско образование (за сите подрачја) ќе бидат тестирани по наставниот предмет математика и по македонски, албански, турски, односно српски јазик, зависно од тоа на кој јазик ја следеле наставата во основното образование.

За учениците кои се пријавиле за здравствена струка (за сите образовни профили), пак, ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија, исто така на јазикот на кој ја следеле наставата во основното училиште.

Како што вчера соопшти МОН, конечните ранг-листи со резултатите од квалификациското тестирање ќе бидат објавени истиот ден, 22 јуни 2020.

Според роковите од Конкурсот, второто пријавување и запишување е на 24 и 25 јуни, а третото пријавување ќе биде на 29 јуни.

obrazovaniesrednoskolci

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:49

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски19/01/2026 - 13:1419/01/2026 - 13:20

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Горан Наумовски02/01/2026 - 13:33

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски08/08/2025 - 10:4108/08/2025 - 11:16

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Горан Наумовски15/07/2025 - 17:00

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Горан Наумовски29/06/2025 - 13:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео