Марија Габриел е првата еврокомесарка позитивна на Ковид-19

Од:

Еврокомесарката за иновации, истражувања, култура, образование и млади, Марија Габриел, соопшти дека е позитивна на коронавирусот.

“По првиот негативен тест на Ковид-19 во понеделникот, мојот втор тест беше позитивен. Од понеделник јас сум во изолација и ќе останам дома, по утврдената процедура. Грижете се за вашето здравје”, напиша Габриел вчера на Твитер

Бугарската политичарка е првиот член на Европската комисија заразен со коронавирусот, иако неколкумина од нив објавија дека се во самоизолација, пренесува Политико.еу.

Претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лајен, и посака на Габриел брзо закрепнување.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски