Ивица Тодоровски и Зоран Стојанов нови извршни секретари на ЛДП

Од:

Се одржа 10-тата седница на Централниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП). На седницата беа разгледани и усвоени значајни одлуки поврзани со претстојните локални избори планирани за октомври годинава, но и други клучни организациски и стратешки документи за унапредување на работата на партијата.

Централниот одбор на ЛДП ги усвои Правилата за критериумите и постапката за утврдување, евидентирање и верификување на кандидатски листи за градоначалници и членови на советите во единиците на локалната самоуправа. Преку овие правила ќе се обезбеди транспарентен, праведен и инклузивен процес на селекција на партиските кандидати за локалните избори.

Покрај ова, донесени се нови правила за делување на општинските организации на партијата, со цел подобрување на нивната ефикасност и координација.

Централниот одбор ја изгласа и Стратегијата за внатрешна комуникација, која ќе ја зајакне комуникацијата помеѓу органите, членовите и поддржувачите, со цел подобро функционирање на партијата, а изврши и именувања на нови извршни секретари и регионални координатори, кои ќе имаат клучна улога во теренската работа и подготовката за локалните избори.

Со едногласна поддршка од присутните членови на Централниот одбор се усвои одлуката за избор на извршни секретари на ЛДП за Ивица Тодоровски и Зоран Стојанов.

Тодоровски е долгогодишен член на ЛДП, со значајно искуство во партијата како претседател на ОО Ѓорче Петров и член на Извршниот одбор, а во својата професионална кариера има раководни позиции, меѓу кои директор на Управата за хидрометеоролошки работи.

Стојанов, исто така, е искусен партиски кадар, со повеќекратни мандати како советник во Општина Гази Баба и високи функции во партијата, вклучувајќи го Централниот и Извршниот одбор. Неговата професионална кариера вклучува раководни позиции во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, каде што беше и оперативен директор.

Со изборот на Тодоровски и Стојанов, ЛДП продолжува да гради силен тим кој ќе придонесе за јакнење на либералните политики и зацврстување на капацитетите на партијата во пресрет на идните политички предизвици.

Би можело да ве интересира

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите