Донаторите на споменикот на Ќосето ќе останат без простории

Од:

На дневниот ред на денешната седница на Владата, меѓу другото, ќе се најде и предлог-одлуката за престанок на трајно користење на недвижна ствар на Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија-Скопје, кое донира споменици од проектот Скопје 2014. Меѓу нив беа спомениците на револуционерите Пере Тошев, Никола Русински, Андон Ќосето, Ѓорѓи Сугаре и првиот генерал на македонската војска, Михајло Апостолски.

Според официјалните податоци објавени во „Службен весник“, ова Здружение, чиј претседател е 74-годишниот Ташко Јованов, освен возило од Владата и стан од 49 квадратни метри на улицата Вељко Влаховиќ од АД за стопанисување со станбен и деловен простор, има добивано и грантови од Владата за невладини организации. СДСМ обинуваше дека Владата на Никола Груевски на 17 февруари 2015 година донела одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Тоа е луксузен деловен простор, на Рекорд во Скопје, кој здружението го доби без надомест.

Владата на денешната седница ќе решава и по предлог-одлуката за престанок и за давање на трајно користење на недвижна ствар на Републичко здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ“ од Скопје.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски