А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Миновски: ЕЛЕМ оптимално испушта вода преку Црн Дрим

by А1он26/03/2018 - 13:14225
Share0

АД ЕЛЕМ балансира меѓу потребите на граѓаните на Охрид и Струга и жителите по течението на Дрим и оптимално испушта вода од Охридското Езеро преку Црн Дрим со цел да ја сочува безбедноста на сите, порача денеска генералниот директор на АД „Електрани на Македонија“ Драган Миновски.

Добивај вести на вибер

– Согласно нашите мерења нивото на Охридското Езеро денеска е на еден сантиметар до критичната точка, односно 693,99 м.н.в., а, пак, според мерењата на УХМР е на 693,96 или четири сантиметри под максималната дозволена кота при големи води од 694 м.н.в. Отворот на Дрим е на ниво од околу 40 метри кубни во секунда и се прават оптимизации во делот на испустот на вода и дотокот на вода со цел да не се нанесат штети на граѓаните. Доколку се отвори отворот на Дрим на максималниот испуст од 70 метри кубни во секунда тогаш е сигурно дека штети ќе претрпат населените места по течението на реката, појасни Миновски, одговарајќи на прашање на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека ЕЛЕМ прави максимални напори да не дојде до излевање на Езерото, но додаде дека природата не може да се контролира.

– Се очекуваше поголеми води и поголемо ниво на Охридското Езеро да има на средината на март, но неочекувано поради високите температури и топењето на снегот такви големи води дојдоа на почетокот на февруари. Почнавме со превенција, односно со испуштање на водата на езерото уште на почетокот на јануари со цел да превенираме колку што е можно да не дојде до негово прелевање, потенцира Миновски.

Од почетокот на годинава, како што кажа, АД ЕЛЕМ нема направено увоз на електрична енергија и има максимално производството на струја од нивните капацитети.

– Кај хидроелектраните производството е зголемено за 39 проценти во однос на планот предвиден за 2018 година, додека кај термоенергетските капацитети е на ниво од околу 74 проценти од планираното. Заштедите кај термелектраните се поради големите води и големиот водостој на акумулациите. Во моментов не размислуваме за продажба на електрична енергија во странство, бидејќи цените на берзите во регионот не се на ниво кое дозволува продажба со профит, рече Миновски.

Нагласи дека се планира струја да се продава во текот на летните месеци кога се очекува да има повисока цена на берзите, а дотогаш, како што рече, ќе се полнат акумулациите.

Посочи дека се наравени сите подготовки во ЕЛЕМ за изградба на 10 киловотлтната фотоволтаична електрана и додаде дека се чекаат само измените на Законот за енергетика со кои ќе се овозможи поголема инсталираност на соларни електрани.

elemohridsko ezero

Би можело да ве интересира

Нивото на водата во Охридското Езеро 30 сантиметри под просекот за март

Катерина Ѓуровски24/03/2025 - 13:00

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари

Катерина Ѓуровски26/02/2025 - 10:49

Левица: Еколошки геноцид врз Охридското Езеро, Владата го жртвува јавниот интерес за коруптивен бизнис

Горан Наумовски19/02/2025 - 11:2319/02/2025 - 11:30

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Катерина Ѓуровски31/10/2024 - 10:47

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Предраг Петровиќ08/07/2024 - 17:0308/07/2024 - 17:04

Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро

Горан Наумовски08/06/2024 - 15:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен