МИТЕКО: Во Србија има околу 100 илјади тони опасен отпад

Од:

На 5-тиот Меѓународен форум МИТЕКО посветен на циркуларната економија под мотото „Денес одговорно. Утре одржливо“ беше истакнато дека во Србија има околу 100 илјади тони опасен отпад на 80 до 90 локации.

Не е познато колкаво количество опасен отпад постои, бидејќи станува збор за воглавно пропаднати претпријатија за кои никој не води сметка, истакна Миодраг Митровиќ, претседателот на МИТЕКО, една од водечките компании во Србија и регионот што се занимава со управување со индустриски и опасен отпад.

– Според нашите податоци, во Србија има меѓу 80 и 90 локации. На секоја локација проценуваме 500 до 1.000 тони опасен отпад. Не е познато колку почвата е контаминирана и сѐ уште има потреба да се тестира, изјави Митровиќ.

– Уште е поопасно ако сакаме да го промовираме земјоделството. Прво, мораме да ја исчистиме земјата од хемикалии. Исто така, загадувањето од осиромашен ураниум од бомбардирањето сега е помало од загадувањето со хемикалии кои отидоа во поплавите (претходните години) и разни протекувања, предупреди Митровиќ.

Според него решението за овој отпад треба да претставува долгорочна задача и дека на министерството за заштита на животната средина му треба околу милијарда динари (8,4 милиони евра) за решавање на овој проблем.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски