Славниот српски кошаркар и функционер на Сакраменто Кингс, Владе Дивац го прослави со Србите во САД православниот Божик со пукање од пушка.
Снимката има многу коментари на социјалните мрежи во САД каде се појави деновиве.
По традиција, Србите кои се иселиле во Америка се собираат во Џексон и во Чикаго и заедно пукаат од пушки.
Но сепак, се работи само за ќорци, и се одвива под строга контрола на полицијата.
По пукањето сите заедно одат во црква.