(ВИДЕО) Мицкоски: Заев ги злоупотребува амбасадорите за да притиска за уставните измени

Од:

Име со дугме не се брише, име со хартија не се менува, тоа е она што сме и она што сме биле и ќе продолжиме да бидеме. Секој кој тргнал против народот свој, народ ќе му се случи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на протестот пред Собранието од импровизирана бина поставена на неколку метри од онаа на Јанко Бачев и неговите поддржувачи.

Тој порача дека сега е потребно масовно обединување.

„Срцето се кине кога се витка кичмата на татковината. Главите горе, ова не е крајот, ова е почеток на нивното заминување“, рече Мицкоски.

Меѓу нас има несогласувања, додаде тој, но сите имаме иста цел и таа се вика Република Македонија.

„Седнати во скутот на Заев ќе вршите валкани работи, тие што се скрпија и се притиснати се фолираат и пењават, тешко ми е кога ги гледам, ама не ги оправдувам oние што одбраа да му слугуваат на Заев, можам да ги разберам, тешко ми е кога ги гледам, но не можам да им простам. Само не заборавајте дека му слугувате на Зоран Заев. Но единствен политички противник е Зоран Заев и СДСМ, а вие ќе останете обични слуги што ќе пишувате писма и статуси на Фејсбук“, рече Мицкоски алудирајќи на исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

За барањата на Беса, тој рече дека се отвора Пандорината кутија со етнички барања на Албанците. Тој рече дека нема некој што не уценува затоа што знаат дека си имаат работа со најголемиот уценувач и блефер, а неговото име е Зоран Заев.

„На Заев му е јасно дека драматично губи кај македонскиот народ и останатите етнички заедници, па се обидува преку игра не помагајќи им на Албанците, Ромите, Бошњаците, Турците, Власите и останатите се обидува да протне барање со кое ќе им се додвори зошто избори надоаѓаат и ќе мора да тргува со нивните гласови“, рече тој.

Мицкоски го обвини Заев дека ги злоупотребува имињата на амбсадорите во контекст на притисок за уставните измени.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори сè за договорот за името да не се случи.

„Тоа е моја заложба, ова прашање ќе го отварам во секоја прилика, при секоја средба, не знам дали ќе успеам, но ќе сторам сè заедно со вас да си го вратиме името назад“, рече Мицкоски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање