Делегација на ЕУ нема да присуствува на инаугурацијата на Мадуро во Венецуела

Од:

Делегација на Европската Унија нема да присуствува на инаугуративната седница на венецуелскиот претседател, Николас Мадуро денеска во Каракас, потврди портпаролката Маја Коцијанчич.

Коцијанчич потсети дека ЕУ смета дека изборите во Венецуела не беа „ниту слободни, ниту фер“ и изрази жалење што не беа организирани нови регуларни избори.

– Во овој контекст, ЕУ и земјите членки нема да учествуваат на инаугуративната седница денеска, но ЕУ ќе продолжи да биде политички ангажирана во поддршка за мирно и демократско решение за кризата во Венецуела и ќе ги остави отворени комуникациските канали со релевантните актери, истакна портапаролката.

Според информации во одредени медиуми, можно е на инаугурацијата на Мадуро да бидат присутни грчкиот и шпанскиот амбасадор, иако не е потврдено.

Изборот на Мадуро е многу контроверзен, а изборите беа критикувани од огромен дел од меѓународната заедница и многумина најавија дека нема да го признаат неговиот мандат.

Лидерот на европските либерали, Ги Верхофштат, ја повика ЕУ да не го признае Мадуро за претседател.

Се очекува само Боливија и Куба да испратат делегација на највисоко државно ниво на денешната церемонија во Каракас.

– ЕУ ќе излезе со дополнителни реакции за ситуацијата во Венецуела најави Коцијанчич.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он