Досега осум жртви од лавините во Австрија

Од:

Над илјада лица се заробени во Австрија поради обилните снежни врнежи, кои не престануваат, многумина се целосно отсечени од остатокот на земјата, а досега лавините однесоа осум човечки животи.

Повеќе од 40 места во покраината Салцбург, Тирол, Долна Австрија и Штаерска се отсечени од остатокот на Австрија и до нив не може да се стигне, поради што се прогласени кризни зони.

Повеќе од 1.200 војници се вклучени во акцијата за спасување и извлекување на граѓаните од завеаните места, а во интервенциите за снабдување се користат и хеликоптери.

Што се однесува до лавините, опасноста од снежни одрони никогаш не била така висока, и дури во четири покраини е прогласено највисоко, пето ниво на опасност.

Речиси секојдневно во се објавуваат вести за жртви и досега снежниот одрон однесе осум животи.

Во Абтенау настрадаа двајца австриски државјани, еден словенечки скијач, кој скијал надвор од писта, погинал во Цаухензе, една Швајцарка и тројца Германци ги загубија животите во покраината Форарберг, а вчера попладне загина 16-годишен тинејџер во Санкт Антон ам Арлберг.

Во моментов се трага и по некои исчезнати лица во општината Лиленфелд. Австриските власти стравуваат да не се повтори драмата од пред 20 години, кога лавина ја погоди општината Гачтир и усмрти 38 лица, а повреди 50.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник