Нуркачките екипи синоќа го извлекоа телото на удавенито момче од Дебарското езеро. Петнаесетгодишниот Илиријан вчера во попладневните часови со другари биле со чамец во езерото, а потоа влегол во водата по што се изгубил.
Безуспешни биле обидите на неговите другари да го спасат, по што беа повикани нуркачи од Охрид и екипи од Агенцијата за заштита и спасување.