Истражување: Во САД намалена смртноста од рак

Од:

Според најновото истражување на Американското онколошко здружение, смртноста од рак во САД во последните 25 години се намалила за 27 отсто. Во 1991 година бил забележан рекорд според случаите на заболувања од рак. Доколку нивото на смртност од рак оттогаш до денес не се променило, во САД би умреле повеќе од 2,6 милиони луѓе.

Според истражувањето до почетокот на 90-те години од минатиот век смртноста од рак во САД постојано се зголемувала. Во 1991 година бројoт на смртни случаи од оваа болест бил на рекордно ниво – 215 случаи на 100.000 жители.

Овој број годишно се намалувал за приближно 1,5 отсто и до 2016 година бројот на смртни случаи е редуциран на 156 на 100. 000 жители.

На тој начин, се наведува во истражувањето на Американското онколошко здружение, смртноста од онколошки заболувања во САД во последните 25 години се намалила за 27 отсто или во бројки, тоа значи дека на раната дијагностика и новите медицински технологии на лекување од рак ги спасило животите на повеќе од 2,6 милиони Американци.

До 1991 година најголем број од смртните случаи, посебно кај мажите, бил предизивкан од рак на белите дробови. Во 2016 година бројот на смртни случаи од овој тип на рак се намалали за речиси 50 отсто.

– Од 60-те години на минатиот век, бројот на пушачи постепено се намалувал и дури сега се набљудуваат ефектите од тоа, изјави Ребека Сигел, раководител на истражувањето.

Во САД денес најраспространети типови на онколошки заболувања се рак на простатата, на дебелото црево и на белите дробови. Притоа, овие болести се дијагностицираните во 42 отсто од вкупните случаи на рак.

Додека кај жените, тоа се рак на дојката, на дебелото црево и на белите дробови. Притоа, рак на дојката се јавува во 30 отсто од онколошките заболувања во САД, се истакнува во истражувањето.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски