Палестинските власти ги укинаа платите на пратениците од Хамас

Од:

Палестинските власти ги укинаа платите на пратениците од Хамас во Западен Брег. Тоа е најнова во низата мерки откако ескалираа тензиите помеѓу двете ривалски фракции – Фатах и Хамас.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас минатиот месец го расформира Парламентот составен од 132 пратеници, а заменик претседателот на Парламентот, Хасан Креиџех денеска изјави дека сите, освен 48 пратеници, првенствено членови на Хамас, неделава не добиле плата.

Палестински претставници од Фатах се заканија со нови акции против Хамас поради одбивање на организацијата да ја предаде контролата над Појасот Газа.

Тоа се случува во време кога Израел се обидува да го зачува примирјето на таа територија, која ја држи под блокада.

Владата на Абас минатата недела се повлече од граничниот премин Рафах помеѓу Египет и Појасот Газа, што го контролираше врз основа на Договорот за помирување со Хамас од 2017 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Хамас: Предлог за прекин на огнот во три фази

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Хамас е единствената пречка за примирје во Газа тврди Блинкен