Кроација Осигурување најдобар понудувач на тендерот за осигурување на Македонска пошта

Од:

Кроација Осигурување А.Д. е избрана за најдобар понудувач на тендерот за осигурување на А.Д. Македонска пошта.

– Договорот со најповолниот понудувач ќе биде потпишан во согласност со законските прописи и правилата предвидени во процедурата на јавната набавка. Полисата за осигурување ќе го опфати временскиот период кој е предвиден во техничката спецификација на отворената постака, како и тендерската документација, односно од 1 јануари 2013 година, соопшти Македонска пошта.

Според тоа, се посочува во соопштението, Македонска пошта нема да има никакви финансиски реперкусии во однос на настанатите штети од неодамнешниот пожар.

– Штетата ќе биде покриена во рамки на процедурата за јавна набавка за осигурување на компанијата, се нагласува во соопштението од Македонска пошта.

Би можело да ве интересира

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Поскапени поштенските и курирските услуги

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

A1on

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

A1on