ВИДЕО: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го напуштија Собранието и излегоа на протести

Од:

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата за уставни измени која е презакажана за во 16 часот. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски на прес-конференција пред Собранието пораќа дека нема да дадат летимититет за промена на Уставот и дека ќе го искористи своето право на демократски протест, по што со неговите сопартијци се приклучија на протестот на „Македонија блокира“.

„Денес е финалниот акт на овој срамен процес во кој Република Македонија е втурната од Зоран Заев и владејачкото мнозинство. До промена на уставното име се доаѓа преку акт на насилство врз процедутите, уцени и закани врз пратениците и нивни блиски. Ние нема да учествуваме во тој проецес, на денешната седница нема да дадеме летимитет за промена на уставот. Цврсто сме убедени дека тие се штетни и дека оставаат траен белег врз македонскот национално единство. Имаме процес на промена на Уставот преку промена на уставното име до кое се доаѓа преку пазарења, драконски уцени и има масовна злоупотреба на обвинителството и судскиот систем”, изјави Мицкоски.

Според него, судството е механизмот на власта за пресметка и уценување. ,,Заев не доби поддршка за промена на Уставот и името, туку тоа го прави на криминален начин, преку уцена на пратеници да гласаат. Името не го менуваат граѓаните, туку 80 пратеници обезбедени преку уцени и закани. Кај дел на пратениците имаме гласање под уцена, а не поради слободна волја. Јавноста знае за заткулисните игри, притисоци и закани и што значеше процесот на селективно помирување. За Зоран Заев, притворите и сето останато, на тоа сме сведоци веќе една година, а финалето почнува со денешната седница. Европски ли се тоа вредности. Сите што се залажуваат дека ќе стигнеме до европска Македонија се лажат. Стануваме поделено и разединето општество. Ова авлада го губи легимитетот затоа што спроведува политика која нема легитимитет од граѓаните. Северна Македонија може е на Заев и на блиските соработници кои преку промена на името сакаат да ја зачуваат позицијата и привилегиите. Но мојата татковина и на повеќето граѓани е Република Македонија. Се нанесува тешка неправда и отпорот е она што ни преостанува”, порача Мицкоски.

Тој додаде дека ќе го искористи демократсктото право мирно и достоинствено да протестира. Ги замоли учесниците на протестите да не подлегнуваат на провокации првокации од „инфилриани полициски структури”, да останат достинствени, иако државата е окупирана од нечесна власт.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”