Можно е и Хрват да биде нов Папа

Од:

Во хрватските медиуми денес стојат наслови „Може ли следниот папа да биде Хрват?“.

Медиумите пишуваат дека постои реална можност, бидејќи новиот папа се бира од Кардиналскиот собир, во Сикстинската капела, меѓу кои од 120 кардинали се и двајца Хрвати, Јосип Бозаниќ и Винко Пуљиќ.

Секако дека постои можност, но шансите се мали. Од друга страна и кардиналот Бозаниќ и Пуљиќ се познати и признаени, и се наоѓаат во најдобрите години. Бозаниќ е член на ватиканските одбори. Пуљиќ од друга страна е познат по страдањата на својот народ во Босна – изјави за „Индекс“, експертот за канонско право, Станислав Витковиќ.

Според него доколку новиот папа не е Италијан, голема можност ќе имаат оние од Јужна Америка.
Витковиќ додава дека е тешко да се предвиди, но тој е сигурен дека папата Бенедикт нема да го избере својот наследник.

papo

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски