Британскиот Парламент на 15 јануари ќе гласа за договорот за Брегзит

Од:

Британските пратеници на 15 јануари вечерта ќе гласаат за договорот на премиерката Тереза Меј и ЕУ за Брегзит, соопшти денеска опозициската Лабуристичка партија, повикувајќи се на предвидениот план за расправа.

Петдневната расправа за договорот ќе почне утре, а се очекува дека ќе заврши со повеќе гласања, од кои секое би можело да биде пресудно за надежите на премиерката дека ќе добие одобрување од Парламентот кое е потребно за да продолжи со спроведување на својот план за Брегзит.

Меј пред два дена изјави дека доколку Парламентот не го прифати договорот за Брегзит, Британија ќе се најде на непозната територија.

– Ако договорот не биде усвоен на претстојното гласање, тогаш всушност ќе бидеме на непозната територија. Не мислам дека некој може точно да каже што ќе се случи во врска со реакцијата што ќе ја видиме во Парламентот, рече Меј.

Таа ги демантираше наводите дека по вторпат ќе го одложи гласањето за договорот за излез од Европската унија.

Британија би требало формално да ја напушти ЕУ во март годинава.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно