Поранешниот шеф на италијанското воено разузнавање осуден на 10 години затвор

Од:

 Миланскиот суд денеска го осуди поранешниот шеф на италијанското воено разузнавање СИСМИ, Николо Полари на 10 години затвор поради негово учество во киднапирањето на египетскиот имам Абу Омар во 2003 година во Милано.

Во врска со истиот скандал веќе се осудени и 23 агенти на ЦИА, кои добија од седум до девет години затвор.

Отворениот процес против Полари се водеше пред Апелацискиот суд, откако минатата година Касацискиот суд ја отстрани ознаката „државна тајна“ од делото. Ознаката „државна тајна“ беше побарана од владите на Силвио Берлускони и на Романо Проди.

Заедно со Полари, денеска беше осуден и неговиот заменик Марко Манчини, кој доби девет години затворска казна. Тројца други службеници од СИСМИ беа осудени на по шест години затвор.

Имамот Абу Омар, чие вистинско име е Осама Хасан Насер, беше член на радикалната исламистичка опозиција во Египет. Во Италија тој престојувал како политички бегалец. Омар бил уапсен на улица во Милано на 17 февруари 2003 година за време на операцијата, координирана од СИСМИ и ЦИА, а потоа депортиран во Египет. Неговите адвокати тврдат дека бил малтретиран во затвор, а имамот побара 10 милиони евра обесштетување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ