Осумте пратеници не се согласуваат Заев да ја исполни желбата на Касами

Од:

Уште еден ден до денот „Д“, кога ќе биде јасно дали Зоран Заев успеа да ја достигне посакуваната и неопходна бројка од 80. пратеници – неопходни за промена на Уставот, како услов за реализација на Преспанскиот договор.

Последното пребројување е во тек, а Заев призна дека има 76 пратеници, значи недостасуваат четирите гласа на Беса и Алијансата на Албанците. Но Заев, дознаваме има и внатрешни проблеми, па ова е период на барања од неговите.

Беса и Алијансата ја условуваат нивната поддршка за Преспанскиот договор со прифаќање на нивните барања, а тоа е Македонија да се дефинира како мултиетничка држава, албанскиот јазик да биде официјален на целата територија на земјата, а од државјанството да се избрише зборот македонско. Од Беса бараат и да се наведат сите етнички заедници како дел од македонската дијаспора, како и да се интервенира во Уставот, со цел секој закон што ќе биде изгласан по втор автоматски да стапи на сила, без указ од претседателот на државата.Со ова се усложнува работата, бидејќи исклучените 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Авировиќ која остана кај Социјалистите, не се согласуваат Заев да ја исполни желбата на Касами, бидејќи е спротивно на она што го бараа, а тоа е гаранција за јакнење на идентитетот.

По денешниот ден би требало да е се појасно, дали се ова барања за кревање на политичката цена, и до каде Заев е подготвен да оди . Сепак добро упатени извори од партиите велат дека дво-третинското мнозинство е обезбедено и договорено, иако кај нас до самиот крај, ништо не е завршено.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува на пленарната дебата и дека ќе ја напуштат салата, за што од одредени здруженија се критикувани. Уверуваат дека сега пратеничката група е монолитна и никој олус нема да поддржи менување на името на Репубика Македонија. Во Собранието се типува дека поддршка може да даде Панчо Минов од ГРОМ, иако ова е само во сферата на шпекулации. Но Заев ќе треба брзо да го реши и прашањето со досегашниот координатор на СДСМ Томислав Тунтев, кој замина во АЦВП, што значи ако Џафери ја констатира неговата оставка, тој нема право да гласа, и тоа значи дополнително ситнење на 2/3 мнозинство.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година