Сопственик на ресторан во Детроит, САД, отпуштил келнер поради несоодветна објава и навредливи коментари кон хомосексуална двојка на Инстаграм. Инаку, келнерот бил син на сопственикот.
Тој ги снимил познатиот шминкер Шејн Стар и неговото момче, кои биле гости во ресторанот, а потоа, без нивна дозвола ги објавил на својот профил со коментар дека Стар изгледа како вампир, а неговото момче е „уште погрд“ затоа што е Афроамериканец.
Видеото кусо потоа било отстрането, ама Стар го реобјавил на Фејсбук, заради поплака до ресторанот, што резултирало со отпуштање на келнерот.