Најголемиот приватен остров во Грција се продава за 40 милиони евра, пишува електронското издание на весникот „Еспресо“.
Островот Дулихиум се наоѓа во Јонското Море. Објавата за продажбата на островот веќе е поставена на најпознатиот сајт во светот, кој објавува понуди за приватни острови. Меѓу понудените острови има и многу грчки.
Според информацијата островот Дулихиум е со плоштина од 5.400 декари. Тој се смета за најголемата приватна сопственост во островскиот дел на земјата. На островот има четири илјади маслинки и ниска вегетација. Карактеристично за него е црвената боја на земјиштето и големите карпи.
За островот веќе има интерес, а некои од заинтересираните купувачи веќе решија да го претворат островот во рајско катче и во луксузно одмаралиште со пристаниште за јахти.
Оваа инвестиција ќе донесе сигурна заработувачка и ќе ја претвори Герција во дестинација број еден за богатите туристи.
Освен до Итака и Кефалонија островот Дулихиум се наоѓа и во близина на островот Оксија, кој според неодамнешните написи е купен од шеикот на Катар Хамад бил Халифа ал Тани.
„Еспресо“ пишува дека за продажба на конкретниот сајт се објавени уште 15 грчки острови. Највисока е цената на островот Патроколос, кој се продава за 160 милиони евра, а по него се островите Оморфи за 50 милиони евра и Дулихиум за 40 милиони евра.