Министерството за здравство информира дека денеска до 19 часот вакцинирано е 21 дете со МРП вакцина. Или досега, вакцинирани се вкупно 1079 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).
„Апелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца. МРП вакцината е висококвалитетна, производител е компанијата GlaxoSmithKline од Белгија.
Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, утре ќе работат прва смена од 07:30 до 13:00 часот“, соопштуваат од Министерството за здравство.