Јапонецот Рјоју Кобајаши е третиот ски-скокач во историјата на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ кој до трофејот стигна со триумф на четирите натпреварувања. По Гармиш, Оберздорф и Инсбрук, Кобајаши вечерва го освои првото место и во Бишофсхофен.
Кобајаши победи со скокови од 135 и 137,5 метри, втор беше Давид Кубацки од Полска со 138 и 130 метри, додека третото место му припадна на домашниот натпреварувач, Австриецот Стефан Крафт со скокови од 134 и 131,5 метри.
За Кобајаши кој на Јапонија и го донесе вториот трофеј од престижното натпреварување ова беше осма победа сезоната во Светскиот куп и петта во серија.
Пред него само Свен Ханавалд и Камил Стох ја освоиле турнејата со победи на сите четири скокланици.
Во Светскиот куп Кобајаши е лидер со 956 бода, Пјотр Жила 529, Стох 504,…