Полицаец им се заканувал на своите колеги, бидејќи му побарале документи

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против својот службеник, 45-годишниот А.И., за сторени кривични дела спречување на службено лице во вршење должност и загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

А.И. на регионалниот пат Маврово – Дебар, додека не бил на службена должност седел во угостителски објект каде дошле двајца полициски службеници кои му побарале документи за неговото возило на кое имало поставено регистарски таблички од друг автомобил.

Откако не можел да ги пронајде документите, со висок тон им се обратил на полициските службеници, непристојно се однесувал и со пиштол почнал да им се заканува, по што влегол во возилото и си заминал.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он