Мицкоски: Раѓањето Христово нека служи како потсетник на традиционалните вредности кон кои се стремиме

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан по повод христијанскиот празник Божик.

„Дозволете ми од мое и од име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво како и на сите православни верници да им го честитам еден од најголемите христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ.

Овој голем ден нека ви донесе здравје, радост, светлина, љубов, среќа и топлина во вашите домови која ќе ве следи во текот на целата година. Раѓањето Христово нека служи како потсетник на традиционалните вредности кон кои се стремиме, хуманоста, разбирањето и меѓусебното почитување. Исус ги освои срцата на луѓето со својата благост и љубов, ја победи смртта и ни ја врати надежта, неговите дела нека бидат пример за сите.

Божиќ го симболизира раѓањето на надежта, надеж за подобра иднина, подобро утро за идните поколенија. Иднина која ќе ја креираме заедно и заедно ќе ја живееме.

Влегуваме во година на предизвици и одлуки. Тешкото секојдневие на луѓето, црнилата и растечката сиромаштија преовладуваат во секојдневието на граѓаните, и тоа се заедничките тешкотии кои мора да бидат надминати. Да си спомнеме за сите оние граѓани кои овие празници ги дочекуваат со напластени проблеми, со неизвесност која преовладува и живот кој станува потежок. Несигурноста да биде замената со стабилност, да градиме иднина, да се избориме за подобар живот.

Светлоста на еден од најголемите христијански празници нека биде водилка за секој еден на патот на личниот успех и среќа, бидејќи успехот на поединецот е успех за сите. Нека е честит и вековит празникот Рожденство Христово, Божиќ.

Христос се роди,

Навистина се роди!“, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упатена до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски