Златен медал за уметникот Синиша Кашавелски од „Mоndial art academia“ во Париз

Од:

Уметникот од Куманово, Синиша Кашавелски доби уште една престижна награда и го потврди својот статус, амбасадор на македонската уметност во светски рамки.

Интернационалното жири од „Mоndial art academia“ со седиште во Париз на 3 јануари му додели златен медал за сликарство, конкретно за сликата „Vita Nuova“. Македонскиот уметник е и амбасадор на уметноста од Македонија во оваа организација. Претходно оваа слика беше изложена во Лувр, во Париз каде доби одлични критики од јавноста.

Изминатата 2018-та за македонскиот уметник беше исклучително успешна. Тој лани доби гран при на Art Eхpo во Венеција, каде беше апсолутен победник во својата категорија. Во јуни, беше награден со златен орден за заслуги во уметноста од Асоцијацијата за уметност, наука и книжевност на Франција, по што следуваа и наградите „Giulio Cesare“ и „The Best Contemporary Artist- 2018“.

Кашавелски учествуваше и на изложбите во Сингапур, Art Expo во Куала Лумпур и на престижниот есенски салон во Париз.

Познатиот интернационален уметник има амбициозни планови за годинава, учество на престижни настани, меѓу кои зимски салон во Париз, Art Expo во Џенова, во Јужна Кореја, и самостојни изложби во Пекинг, Сингапур и Џакарта.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска