Српското обвинителство за организиран криминал води истрага за фирми на Мирослав Мишковиќ

Од:

Тим на српското Обвинителство за организиран криминал отпатува на Кипар во рамки на истрагата која се води за дејноста и трансакциите на фирми во сопственост на Мирослав и Марко Мишковиќ, пишува белградскиот весник „Данас“.

Според весникот, ова е дел од обемната истрага на обвинителството, за која засега не се откриваат детали. Можно е проверката на документацијата да е поврзана и со парите на нарко-картелот на Дарко Шариќ.

Според неофицијални информации, „оф шор“ компанијата „Хемслејд“ на Мишковиќ на Кипар е поврзана со пари кои доаѓаат од Шариќ како финансиер за изградба на ексклузивна населба.

Најбогатиот човек во Србија, бизнисменот Мирослав Мишковиќ, неговиот син Марко и уште осум лица беа упасени на 12 декември минатата година од српската полиција во голема операција за борба против корупцијата. Тие се притворени во рамки на истрагата за приватизацијата на неколку градежни компании во 2005 година, во која се претпоставува дека оствариле незаконска заработка од околу 30 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски