Финансиската полиција поднела 74 пријави за нанесена штета на Буџетот од 49 милиони евра

Од:

Управата за финансиска полиција во текот 2018 година до надлежните јавни обвинителства поднела 74 кривични пријави против 68 правни лица и 163 физички лица со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 3.018.354.504 денари или 48.919.846 ЕУР, соопшти директорот на институцијата, Арафат Муареми.

Бројот на поднесени кривични пријави за 2018 година во однос на претходната година е зголемен за 51 процент, а во споредба со 2016 година бројот на поднесени кривични пријави е зголемен за 80 проценти.

„За злоупотреба на службена положба и овластување поднесени се 23 кривични пријави против 3 правни лица и 73 физички лица со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 2.762.907.968 денари“, пишува во објавата на директорот.

Муареми напиша дека за даночно затајување поднесени се 43 кривични пријави против 62 правни лица и 79 физички лица со кои е нанесена штета на Буџетот во износ од 221.731.159 денари. За други кривични дела поднесени се 8 кривични пријави против 3 правни лица и 11 физички лица со кои е нанесена штета во износ од 33.715.377 денари.

Би можело да ве интересира

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три службени лица од МЗШВ

А1он

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за раководно службено лице во Општина Радовиш

Владата одлучи: Ивановски е нов в.д. директор на финансиската полиција, а Селами е избран за директор на ДЗС

Томовска: Во координација со финансиската полиција ќе одлучиме дали инспекцискиот надзор во М-НАВ ќе се прошири

Управата за финансиска полиција врши проверки во М-НАВ

Горан Наумовски

Арсовска игра шах со Дедо Мраз додека ги чека резултатите од истрагата на Финансиска за украсувањето

A1on